
Еко-Никулци
2024-2025
Проектот „Еко-Никулци“ е едукативна и креативна иницијатива насочена кон развивање на еколошката свест кај децата од предучилишна возраст преку интерактивни и практични активности. Реализиран во соработка со градинка “Калинка” во населба Железара, проектот вклучи деца, родители и млади волонтери во заееднички процес на учење, креативност и грижа за животната средина.
Преку работилници за реупотреба на стакло, стара хартија, текстил и други отпадни материјали, учесниците имаа можност да научат како отпадот може да се претвори во нешто убаво и корисно. Покрај развивање на креативните и моторичките вештини кај децата, проектот поттикна и чувство на заедништво, одговорност и активно учество во заедницата.
„Еко-Никулци“ покажа како преку игра, уметност и заедничка работа може да се создаваат навики и вредности кои придонесуваат кон поодржлива и посвесна иднина уште од најрана возраст.
