Спонзори
drugarstvoto e vazno

Ре-засади

2025

Пролетта 2025 се собравме меѓу црвените станбените блокови во Железара и започнавме со креирање на комунална градина. Собравме земја, гранки, направивме саксии од  пластични шишиња, а потоа садевме растенија кои лесно се размножуваат.

Покрај преубавата дружба, учесниците научија како можат да започнат градина со пластично шише од испиено сокче, земја од локалниот парк и исекотина од посакуваното растение, односно како од ништо, да се направи нешто.

Градината која се создаде се постави на гелендерите со цел да биде достапна до заедницата, за секој да може да си земе стебленце и да си создаде свој мал рај, во дворот, на балкон или во собата покрај прозорорецот.


Проектот беше реализиран со поддршка од страна на Europe House Скопје.